Започнаа работите за изградба на втората фаза на плоштадот “Скендербег“. Работите за втора фаза беа најавени да започнат во почетокот на ноември, но според надлежните од Општината Чаир, затоа што ова фаза предвидува и изградба на мост над Булеварот „Гоце Делчев“ потребно е обезбедување на одобрение од Министерство за внатрешни работи.
-Бидејќи изградбата на втората фаза од плоштадот ’Скендербег’ ќе помине на булевар Гоце Делчев, па сè до зградата на Опера и Балет, во текот на времето на изведбените работи е потребно посебен режим на одбивање на сообраќајот, информира локалната власт.
Првата фаза на Плоштадот „Скендербег“ се пушти во употреба една година порано и изнесуваше 2,8 милиони евра, и овде се опфатени реконструкција на продавниците во близина на споменикот на националниот херој и е изградена широка платформа која завршува со скали пред Споменикот.
Исто така, од Општината велат дека Плоштадот „Скендербег“ ќе се изгради во три фази и вкупно ќе изнесува 10 милиони евра кои сега веќе се обезбедени од страна на Владата и тоа според почетниот план по завршување на втората фаза ќе се изгради третата фаза, каде се предвидува подземен паркинг каде од зелениот појас ќе се премине во Општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.