Вечерва на свечена церемонија во Цирих ќе биде прогласен освојувачот на „Златната топка“ за 2014-та година, која се доделува за најдобриот фудбалер на светот, а кандидати се Кристијано Роналдо, Лео Меси и Мануел Нојер.
Според многумина Роналдо е прв фаворит, кој досега два пати ја има освојувано оваа награда, додека Меси се помири со фактот дека неговите шанси се минимални.
– Сметам дека ќе биде многу тешко да ја добијам „Златната топка“, реален е Меси, кој додава:
-Ќе уживам во церемонијата. Роналдо и Нојер имаа фантастична година. Едниот ја освои Лигата на шампионите и Купот на Шпанија, додека вториот стана светски првак, вели Аргентинецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


