| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот на „Ер Азија“, најверојатно, експлодирал во воздух пред да падне во морето

Recovery of AirAsia plane from the sea

Патничкиот авион на компанијата „Ер Азија“, што пред две недели се урна во Индонезија, веројатно „имал експлозија“ поради значителна промена во притисокот, пред да падне во вода, изјави денеска високо позициониран претставник на индонезиските власти, цитиран од британските медиуми, пренесува БТА.

– Врз основа на пронајдените остатоци и други делови, мојата анализа покажува дека авионот имал експлозија пред да падне во водата – изјави Супријади, оперативен координатор во индонезиската Национална служба за спасувачко-трагачки операции.

Според него, левата страна на авионот, се чини, се распаднала, што говори за промена во притисокот, што може да ја предизвикала експлозијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top