| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавување данок уште утре

ujp kolaУтре е последниот ден за граѓаните да ги пријават дополнителните приходи во Управата за јавни приходи. Од 200 илјади граѓани, колку што се очекува да поднесат годишна даночна пријава до УЈП, 130 илјади веќе ја исполниле својата обврска.

Годишна даночна пријава треба да поднесе секој граѓанин што, освен платата или пензијата, остварил и друг дополнителен приход во текот на 2012 година.

Даночната пријава може да се поднесе на шалтерите во сите даночни канцеларии од 8.30 до 16.30 часот и преку мобилните даночни шлатери. Контактниот центар на УЈП лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје врши прием на пријави од 9 до 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top