| четврток, 6 декември 2018 |

Меси: Никогаш сум немал намера да си одам од Барселона

Најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси во изјава за клупската телевизија ги демантира пишувањата во медиумите кои се појавија последните денови за наводно негово заминување од „Камп Ноу“, како и за постоење нетрпеливост со тренерот Луис Енрике.
­

– Не е вистина дека сум поставувал барања за мое останување. Никогаш сум немал намера да си одам од Барселона. Лага се пишувањата за контакти со Челзи, Манчестер Сити… До сега не сум ги демантирал, но сега сакам да го сторам тоа и да им порачам на медиумите да проверат што пишуваат. Се зборуваше дека јас сум ги избркал Ето, Ибрахимовиќ, Кркиќ, Гвардиола. И тоа не е точно. Овој пат ме заболе затоа што шпекулациите доаѓаат од луѓе блиски до Барселона, а не од Мадрид – изјави Меси.

Аргентинецот изјавата ја даде по синоќешната победа на Каталонците над шампионот Атлетико Мадрид со 3:1. Меси постигна еден гол и имаше една асистенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top