| четврток, 6 декември 2018 |

Блага салама

Са­ла­ма? Бла­га? Со ур­ми, смо­кви, оре­ви? Бла­га са­ла­ма, та­ка се ви­ка овој ко­лач? Смеш­но име..

Пр­ва асо­ци­ја­ци­ја за са­ла­ма е су­во­ме­сен про­из­вод – пе­че­ни­ца, свин­ски врат, ка­ре, мо­же­би не­кој па­ри­зер, ама бла­га са­ла­ма е мал­ку не­во­о­би­ча­е­но. Но, ко­га ќе ја про­ба­те, не­ма да мо­же­те да пре­ста­не­те да ја ја­де­те. Па, кој би пре­ста­нал ко­га во неа има ур­ми, смо­кви, оре­ви? Вкус­но, пре­вкус­но.

ореви

Ја има во две ва­ри­јан­ти – пос­на, ко­ја се под­го­тву­ва без јај­ца, но со ис­це­ден сок од пор­то­кал и „мрс­на“ со јај­ца и со изрен­да­на ко­ра од пор­то­кал. Ова е и та­ка „ста­рин­ски“ ко­лач, а по­ра­но, во не­до­стиг од се­ка­кви за­чи­ни и до­да­то­ци, освен ци­ме­тот, ре­чи­си во се­кој ко­лач се до­да­ва­ло и изрен­да­на ко­ра од ли­мон или од пор­то­кал. Овој ко­лач не е од тој што во­о­би­ча­е­но се пра­ви до­ма ко­га ви се ја­де не­што бла­го, ту­ку од тие „спе­ци­јал­ни­те“ – за сла­ви и за имен­де­ни. Што би рек­ле ста­ри­те, „бо­гат е“ – мис­леј­ќи на оре­ви­те, ур­ми­те, смо­ко­ви­те, кои не се ку­пу­ва­ле тол­ку че­сто во до­ма­ќинс­тва­та. Де­нес не­ка­де, мо­же­би, се во­о­би­ча­е­ни, но за ме­не бла­га­та са­ла­ма е бо­га­та са­мо и иск­лу­чи­тел­но со вку­со­ви!

урми смокви

Со­стој­ки:

250 гра­ма оре­ви

250 гра­ма ур­ми

250 смо­кви

3 ла­жи­ци браш­но

100 гра­ма ше­ќер во прав

2 јај­ца

Ко­ра од пор­то­кал

 

Под­го­то­вка:

Ур­ми­те, смо­кви­те и оре­ви­те се сеч­ка­ат на сит­ни пар­чи­ња. По­тоа се ста­ва­ат во го­лем сад во кој се до­да­ва­ат браш­но­то, ше­ќе­рот во прав, ед­но це­ло јај­це и ко­ра од пор­то­кал. Пор­то­ка­лот уба­во се мие и по­тоа се рен­да ко­ра­та, ама са­мо по­вр­шин­ски­от дел. И таа се до­да­ва во сме­са­та. Вто­ро­то јај­це се кр­ши и во сме­са­та се до­да­ва са­мо бел­ка­та. Жолч­ка­та се оста­ва на стра­на, во ед­на шол­ја.

Отка­ко уба­во ќе се из­ме­ша­ат со­стој­ки­те, сме­са­та се исту­ра на фо­ли­ја во ко­ја прет­ход­но се кап­ну­ва мас­ло за ја­де­ње. Сме­са­та се разв­ле­ку­ва на фо­ли­ја­та и по­тоа со фо­ли­ја­та се фор­ми­ра рол­на. Фо­ли­ја­та се ва­ди и са­ла­ма­та се ста­ва во та­ва да се пе­че. Во та­ва­та се ста­ва хар­ти­ја за пе­че­ње, па се до­да­ва са­ла­ма­та. Пред да се ста­ви са­ла­ма­та во рер­на да се пе­че, се пре­мач­ку­ва со жолч­ка­та, прет­ход­но из­ма­те­на.

Рер­на­та се за­гре­ва на 200 сте­пе­ни, и по­тоа са­ла­ма­та да пе­че око­лу 30 ми­ну­ти. До­де­ка се пе­че са­ла­ма­та, се на­ма­лу­ва тем­пе­ра­ту­ра­та.

Отка­ко уба­во ќе се ола­ди се се­че на тен­ки пар­чи­ња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top