Доколку имате зголемена маснотија во крвта, се препорачува овој лек, кој им помогнал на многумина. Се што ви е потребно се суви смокви и јаболков оцет.
Лекот направете го навечер, а пијте го изутрина. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа уфрлете ги во стаклен сад во кој сте ставиле 2 децилитри јаболков оцет.
Нека стои преку ноќ и изутрина изедете ги трите закиселени смокви. Остатокот од оцетот не го фрлајте, туку во него и наредната вечер повторно ставете три смокви подготвени на ист начин.
Тие 2 децилитри оцет користете ги 7 дена, а поголемиот дел од него ќе го впијат смоквите. Осмиот ден земете нови 2 децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела. Третманот трае 14 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.