
Францускиот полициски комесар Елрик Фреду (45), кој ја водел истрагата за нападот врз редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во четвртокот е пронајден мртов во неговата канцеларија, пренесуваат француските медиуми.
Според локалните медиуми кои ја пренесуваат оваа информација, повикувајќи се на полициски извори, тој извршил самоубиство.
Инцидентот се случил во Лимож, административна престолнина на регионот Лимузин, а локалните, но и светските медими пишуваат за сомнителноста во однос на самоубиството на францускиот комесар.
Полицијата тврди дека не е позната причината за неговата смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


