
Индонезиските нуркачи најверојатно ги лоцирале црните кутии заедно со трупот на исчезнатиот авион на „Ер Азија“.Информацијата ја соопштил командантот на операцијата за потрага и спасување, кој верува дека се закопани на морското дно под остататоците од авионот.
Нуркачите се надеваат дека утре водаата на Јаванското море ќе бидат помирни , а тоа ќе влијае и на истрагата. Приоритет и понатаму останува извлекувањето на останатите жртви, досега се извлечени 48 тела.
Ербасот изгуби контакт со контролата на летање на 28 декември при што загинаа сите 162 патника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


