| четврток, 6 декември 2018 |

Карневалот во Вeвчани ќе го снима екипа на „Би-би-си“

VEVCANI-8

Познатиот карневал во струшкото село Вевчани годинава ќе го снима екипа на британската државна телевизија „Би-би-си“. Карневалот почнува во вторник, спроти Василица, на 13 јануари, со настапот на василичарите и со дефилето на маските кое ќе се случува во 14 часот. Испечатени се дополнителен број и на вевчански пари познати како личници.

Минатата година Вевчани испечати повеќе од 10.000 нови банкноти од различни апоени од 2, 10, 20, 50 и од 100 личници. Инаку првиот Вевчански пасош е во сопственост на првиот македонски претседател Киро Глигоров, а пасошот број 2 е кај Хилари Клинтон. Вевчани е првата и единствена општина во Македонија која има своја сопствена банкнота и локален пасош.

Карневалот завршува на 14 јануари, каде точно напладне се игра василичарско оро и се палат маските од годинава. Градоначалникот на Вевчани вели дека новиот снег доколку го има нема да ги изненади.
Екипи на Македонија пат се присутни во Вевчани со три возила, исто како и екипи на ЕВН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top