| четврток, 6 декември 2018 |

„Суперхикс“ ќе пее во Солун

superhiks„Суперхикс банда инструментале“, по 19 години постоење, ќе го одржи својот прв концерт во соседна Грција. Групата утре ќе настапи на второто издание на „Балкан фест“, со посебно место на фестивалот кој ја најавува како главна ѕвезда на ова издание. „Суперхикс“, воедно, е и првата македонска група што настапува на овој фестивал. „Балкан фест“ се одржува во Солун, а, покрај најпопуларната ска-група од регионов, на фестивалот настапуваат „Баилдса“ од Грција и „Оранитза“ од Бугарија.

„Балкан фест“, по огромниот успех на ланското издание со илјадници посетители, се наметнува како еден од најголемите балкански фестивали, чија идеја е да ги потенцира балканската култура и различните карактеристики на луѓето од југоисточна Европа за да прерасне во мост што ќе ги поврзува балканските култури и културни активисти.

Веќе следниот ден после овој настап на „Балкан фест“ во Солун, шестчлениот фуриозен состав се враќа на домашен терен во Струмица, со концерт на Струмичкиот карневал, кој ќе се одржи на паркинг-просторот кај плоштадот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top