Македонското дуо моментално на македонската музичка сцена „Куку Леле”, нова песна. Насловот на новиот сингл е „Ќе ја откачам (Не сум нормален-Р’мбам ко црнец)”. Има две верзии на песната – подолга која трае 6 минути и 15 секунди и втората верзија која често е пуштана на македонски радио станици трае 4 минути и 39 секунди. Комплетен автор на новата песна како и секогаш досега, така и овој пат се потпишува музичарот Роберт Саздов.
Инаку, ова е само една од мноштвото песни кои тие ги подготвуваат. Меѓудругото, како нови ќе се промовираат и преработени песни чии автор е Саздов кој што некогаш ги има напишано за познати музички имиња, како „Долго чекав” песна што поп пејачот Брејк ја отпеа во средината на 90-те.
(Музика24)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


