| четврток, 6 декември 2018 |

Милан освои нов бод, денеска Рома игра против Лацио

AC Milan - Fc Inter

Екипата на Милан успеа да освои еден бод на гостувањето кај Торино, откако синоќа со истоимената домашна екипа одигра 1:1.

Милан поведе со голот од пенал на Жереми Менез во 3. минута, а изедначи Камил Глик во 81. минута. Инаку, Милан вториот дел го одигра со 10 играчи, откако Де Шиљо во 45. минута беше исклучен поради втор жолт картон.

И вториот натпревар од 18. коло на италијанската Серија А, одигран вчера меѓу Сасуоло и Удинезе, заврши нерешено 1:1.

Денеска се играат дуелите:
Интер – Џенова,
Рома – Лацио,
Аталанта – Киево,
Каљари – Чезена,
Фиорентина – Палермо,
Сампдорија – Емполи,
Верона – Парма
Наполи – Јувентус.

Табела:
Јувентус 40 бодови,
Рома 39,
Лацио 30,
Наполи 30,
Џенова 27,
Сампдорија 27,
Милан 26,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top