Утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло, со дневна температура меѓу 7 и 15 степени.
Кон крајот на денот земјава ќе потпадне под влијание на нов влажен бран кој ќе предизвика врнежи од дожд. Овие врнежи од дожд во понеделник на повеќето места ќе преминуваат во снег проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка особено во западните делови од земјава.
Попладне врнежите ќе престануваат и во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.