| четврток, 6 декември 2018 |

До каде може да оди Атланта, нова победа во НБА лигата

Тимот на Перо Антиќ, Атланта со нова победа во НБА лигата овојпат нa гостински терен против тимот на Детроит од 106-103.
Поранешниот македонски репрезентативец доби еден натпревар одмор од тренерот Мајк Баденхолцер, кој одлично го води тимот оваа сезона и се на заслуженото прво место во источната конференција со скор од 28 победи и само осум порази и втори во целата лига зад Голден Стејт.
Импресивната серија на Атланта сега изнесува 23 победи и само два порази од кои дури седум победи во низа.
Натпреварот се чини беше решен уште во првото полувреме кога гостите успеаа да направат серија и да дојдат во предност до 20 коша разлика. Детроит се обиде во второто полувреме да дојде до пресврт, но немаа сили за да направат спектакуларен камбек. На крај се задоволи само со тесен пораз, иако имаа удар за три поени преку Кентавиус Калдвел за три поени и израмнување.
Хорфорд беше предводникот во триумфот на „јастребите“ со 19 поени и 16 скока, Милсап заврши со 17 поени а Џеф Тиг имаше 14 поени и 11 асистенции. Сето тоа повеќе од доволно за продолжување на одличната серија на тимот кој е лидер во Источната конференција. Колдвел-Поуп со 20 поени беше најефикасен во поразениот тим на Детроит.

Екипата на Голден Стејт Вориорс ја забележа 14 победа во низа на домашен терен и продолжи со импресивните настапи, откако синоќа го искористи отсуството на најдобриот кошаркар Леброн Џејмс за да го победи Кливленд со 112-98.
Голден Стејт предводен од Клеј Томпсон со 24 поени и Стефон Кари со 23 поени и 10 асистенции се радуваа на нова победа, но не како просекот од последните шест меча. До овој дуел со Кливленд, Вориорс победуваа со просек од 22,1 разлика. Џеј-Ар Смит со 27 поени, Кајл Ирвинг со 23 и Кевин Лав со 14 беа најдобри поединци во Кливленд.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Бостон 107-103 (пр), Бруклин – Филаделфија 88-90, Детроит – Атланта 103-106, Њу Орлеанс – Мемфис 106-95, Оклахома – Јута 99-94, Вашингтон – Чикаго 102-86, Милвоки – Минесота 98-84, Сан Антонио – Феникс 100-95, Сакраменто – Денвер 108-118, Голден стејт – Кливленд 112-94, ЛА Лејкерс – Орландо 101-84

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top