Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола поточно кај селото Алинци се случила вечерва околу 19 часот, се судриле автомобил „Опел Астра“ со битолски таблички и шлепер со скопски регистарски таблички.
До сообраќајката дошло откако автомобилот директно се судрил со шлеперот.
Во страшната несреќа загина едно лице, а во судирот не забележувајќи ја колоната од возила се судриле уште неколку возила каде што две лица се повредени и веднаш се пренесени во градската болница во Прилеп.
Имено во меѓувреме на излезот од Прилеп кон Плетвар, кај бензинската станица на „Лук-оил“ пријавено е искршено возило на патот за кое сеуште нема потврда дали е предмет на напад или сообраќајна несреќа.
Полицијата е на терен и врши увид на сообраќајните несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.