Бугарскиот шампион Левски не отпатува за Подгорица на мегдан на Будуќност во Јадранската лига, а причина е што стравуваат од дебакл поради кризата што го тресе клубот. Неколку кошаркари на Левски си заминаа, па раководството побара одложување на мечот со Будуќност, но не доби зелено светло од челниците на АБА лигата.
Левски ќе го загуби мечот со службен резултат од 0-20 и ќе има минус еден бод на скромното салдо. И претходно, но од други причини Бугарите го одложија домашниот меч со Задар, што е презакажан за 26. јануари.
Патем им се случи и голем инцидент на дуелот со Партизан во Софија, кога на терен влетаа навивачи на Левски, а потоа и се пресметаа со симпатизерите на српскиот клуб.
Интересно е што преговорите меѓу челниците на Јадранската лига и Управата на Левски за настап во оваа лига траеше долго, „сините“ од Софија, конечно, добија дозвола да учествуваат и веќе во првата сезона не им се игра. Левски е последен на табелата со само една победа и 14 порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.