| четврток, 6 декември 2018 |

„Хjундаи и30“ редизаjниран и со повеќе коњски сили

Ко­реј­ска­та фа­бри­ка за авто­мо­би­ли „Хјун­даи“ го прет­ста­ви ре­ди­зај­ни­ра­ни­от мо­дел „и30“, кој, по­крај естет­ски­те из­ме­ни, до­би и мно­гу­број­ни тех­нич­ки но­ви­те­ти. Ко­неч­но, мо­де­лот до­би и по­си­лен мо­тор и по­го­ле­ми пер­фор­ман­си од тие што до­се­га ги ну­де­ше овој авто­мо­бил

Нај­го­ле­ма­та из­ме­на, се­ка­ко, е во тоа што е вгра­ден мо­тор што во се­бе има и тур­бо­пол­нач, кој ќе би­де по­ну­ден и во мо­де­лот со три и со пет вра­ти. Мо­то­рот е сли­чен ка­ко тој кај „киа сид ГТ“ и „киа про­сид ГТ“, но „Хјун­даи“ по­ну­ди мо­тор со 186 коњ­ски си­ли и со обр­тен мо­мент од 265 њутн-ме­три.

Мо­то­рот е со че­ти­ри ци­лин­дри, 1,6 ли­три и со тур­би­на, а си­ла­та се пре­не­су­ва на пред­на­та осо­ви­на иск­лу­чи­во со шес­тсте­пен ма­ну­е­лен ме­ну­вач. Овие пер­фор­ман­си овоз­мо­жу­ва­ат за­бр­зу­ва­ње од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час за осум се­кун­ди, до­де­ка ма­кси­мал­на­та бр­зи­на из­не­су­ва 219 ки­ло­ме­три на час.

Hyundai-i30-003

Освен но­ви­от тур­бо­мо­тор, „и30“ до­би и но­ва сус­пен­зи­ја, ко­ја од­лич­но се од­не­су­ва на по­ди­на­мич­но во­зе­ње, и 18-инч­ни тр­ка­ла. За за­пи­ра­ње се за­дол­же­ни 300 ми­ли­ме­тар­ски са­мо­вен­ти­ли­рач­ки пред­ни ди­ско­ви и 284 ми­ли­ме­тар­ски на зад­ни­те тр­ка­ла.

Вна­треш­но­ста, исто та­ка, до­би не­кол­ку по­до­бре­ни ре­ше­ни­ја, ка­ко што се спорт­ски­те се­ди­шта, црн ма­те­ри­јал со ви­сок сјај и по­себ­на ин­стру­мен­тал­на таб­ла.

Hyundai-i30-002

Што се од­не­су­ва до стан­дард­ни­от мо­дел, тој до­а­ѓа на па­за­рот со по­ма­ли из­ме­ни во ди­зај­нот, но впе­чат­ли­ви се но­ва­та ше­сто­а­гол­на пред­на ма­ска, но­ви­те алу­ми­нум­ски бан­да­жи и три­те но­ви бои на ка­ро­се­ри­ја­та.

„Хјун­даи и30“ ќе би­де до­ста­пен и со 1,6-ли­тар­ски тур­бо­ди­зел-мо­тор во две вер­зии – со 110 коњ­ски си­ли и со 136 коњ­ски си­ли. По­ну­да­та на бен­зин­ски­те мо­то­ри поч­ну­ва од 1,4-ли­тар­ски со 100 коњ­ски си­ли и 1,6-ли­тар­ски со 120 коњ­ски си­ли и 156 њутн-ме­три.

Hyundai-i30-004

Ре­ди­зај­ни­ра­ни­от „хјун­даи и30“, вклу­чу­вај­ќи ја и тур­бо­вер­зи­ја­та, ќе при­стиг­не во про­даж­ба ве­ќе во пр­ви­те ме­се­ци од 2015 го­ди­на.

Hyundai-i30-005

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top