Најголемата измена, секако, е во тоа што е вграден мотор што во себе има и турбополнач, кој ќе биде понуден и во моделот со три и со пет врати. Моторот е сличен како тој кај „киа сид ГТ“ и „киа просид ГТ“, но „Хјундаи“ понуди мотор со 186 коњски сили и со обртен момент од 265 њутн-метри.
Моторот е со четири цилиндри, 1,6 литри и со турбина, а силата се пренесува на предната осовина исклучиво со шестстепен мануелен менувач. Овие перформанси овозможуваат забрзување од 0 до 100 километри на час за осум секунди, додека максималната брзина изнесува 219 километри на час.

Освен новиот турбомотор, „и30“ доби и нова суспензија, која одлично се однесува на подинамично возење, и 18-инчни тркала. За запирање се задолжени 300 милиметарски самовентилирачки предни дискови и 284 милиметарски на задните тркала.
Внатрешноста, исто така, доби неколку подобрени решенија, како што се спортските седишта, црн материјал со висок сјај и посебна инструментална табла.

Што се однесува до стандардниот модел, тој доаѓа на пазарот со помали измени во дизајнот, но впечатливи се новата шестоаголна предна маска, новите алуминумски бандажи и трите нови бои на каросеријата.
„Хјундаи и30“ ќе биде достапен и со 1,6-литарски турбодизел-мотор во две верзии – со 110 коњски сили и со 136 коњски сили. Понудата на бензинските мотори почнува од 1,4-литарски со 100 коњски сили и 1,6-литарски со 120 коњски сили и 156 њутн-метри.

Редизајнираниот „хјундаи и30“, вклучувајќи ја и турбоверзијата, ќе пристигне во продажба веќе во првите месеци од 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


