Радикалните муслимани го возвишуваат нападот на францускиот весник „Шарли едбо“ и преку интернет, посебно на босанските портали и на социјалните мрежи, праќаат заканувачки пораки до Србија.
„Доколку има војна, ниеден Србин нема да остане на планетата“, е само еден од коментарите на порталот „Санџак прес“.
„Алах акбар! Следен е Белград“, се вели во друг.
„Јас се надевав на ова. Жал ми е ако има невини жртви, но за овие карикатуристи воопшто…“
„Искрено кажано, многу ми е мило! Штета што нема повеќе мртви! Кој си игра со оган, тој ќе се изгори…Да видиме дали сега повторно ќе си играат…“
Поради опасноста нападите да се прошират низ Европа и Балканот, полицијата ги зголемила мерките за безбедност во Босна и Херцеговина, на цела територија на Србија, а посебно во Санџак и во Рашка.
Во српската Безбедносно-информативна агенција тврдат дека секојдневно спроведуваат активности во рамките на својата надлежност, а посебно во борбата против тероризмот.
– Сите активности ги спроведуваме во соработка со останатите безбедносни служби – БВА, ВОА и специјалните единици на МВР. Кога станува збор за меѓународната соработка, контактите се редовни. Имаме соработка со сите служби, како и со колегите од Франција и им ја нудиме сета помош што им е потребна – велат од БИА.
Извор: Kurir.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор