Нова престрелка се одвива во моментов во Порт де Вансен, во источниот дел на Париз, при што се земени меѓу пет и шест заложници во една продавница за кошер-производи, јави дописникот на МИА.
Според првите сведоштва, имало брза стрелба, по што полицијата веднаш дошла на местото на престрелката. Првичните информации зборуваат дека станува збор за лицето кое вчера смртоносно рани општинска полицајка во Монтруж на југот од Париз.
Француската полиција веќе утврди дека овој 32-годишен маж е поврзан со браќата Куаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.