| четврток, 6 декември 2018 |

Семоќна тројка: Овошја што ги топат килограмите

Овие три овошја може да ги јадете во неограничени количини, а притоа помагаат и во намалување на вишокот килограми.

ovosje za topenje kilogrami

ГРЕЈФРУТ

Сеедно дали се работи за жолтиот или црвениот грејфрут, ова е идеална намирница затоа што има многу малку калории. Со ова овошје во организмот ќе внесете големо количество течности, богатство од витамин Ц и многу други ензими во ова овошје, кои брзо ќе ги стопат килограмите. Доколку сте на диета, вклучете го и грејфрутот во диетата. Подолго ќе бидете сити затоа што грејпфрутот има хранливи состојки кои помагаат во подолготрајното чувство на ситост.

ПОРТОКАЛ

Портокалот спаѓа во природни лекови, па е идеален за слабеење. Ова е вистинска причина, портокалот да го консумирате секојдневно. Изедете еден портокал, најдобро пред оброкот и килограмите ќе почнат да се топат. Идеални се и како свеж исцеден сок пред појадок затоа што вашето тело ќе се разбуди и ќе ве наполни со енергија. Портокалот ги топи масните наслаги околу стомакот и колковите. Богат е со антиоксиданди, витамини А, Е, Ц и од групата Б. Сево ова е идеално за јакнење на имунитетот, намалување на холестеролот и го забрзува метаболизмот.

ЈАБОЛКО

Според сите досегашни истражувања, откриено е дека јаболкото најдобро е да се јаде пред оброк. Така во телото ќе внесете и до 20 отсто помалку калории, затоа што претходно изеденото јаболко ќе ве заштити. Со консумирањето јаболко пред оброк, месечно може да загубите и до половина килограм. Јаболката се богати со природен шеќер и влакна и како такви се идеални  за добро варење. Јаболката го зајакнуваат имунитетот, па затоа јадете ги секојдневно во текот на целата година. Постојат повеќе видови јаболка, а за диета посебно се препорачуваат киселкастите. Просечно јаболко содржи околку 60 калории.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top