| четврток, 6 декември 2018 |

Руси ќе го спасуваат Тетекс

Последнопласираниот тим во Првата македонска лига, Тетекс, ќе добие финансиска инјекција од Русија, откако актуелното раководство на клубот договорило заедничка соработка со руски бизнисмени во следните шест месеци во обид да се избегне испаѓањето од елитата.

Русите според информациите на „Република“ добиле зелено светло да го превземат раководењето на клубот, а Тетекс повтoрно своите натпревари ќе ги игра во Тетово, а не во Скопје како што беше практика во минатиот период. Договорот ќе важи за наредните шест месеци, односно за пролетниот дел од првенството.

Teteks-copy

Тетекс е последнопласиран по првиот дел од македонскиот шампионат со само шест бода, а тетовци ќе бидат вториот клуб кај нас што ќе биде раководен од Руси. Во Вардар од лани главен спонзор е Сергеј Самсоненко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top