| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка со помош за камповите во Сирија се штити од емигранти

US-SYRIA-CONFLICT-PROTESTЧешката Влада ќе разгледува план за финансиска помош директно во Сирија и во околните земји со цел да се спречи миграциски бран на сириски бегалци во Европа. Според предлогот на Министерството за внатрешни работи, ќе биде подготвена Програма за помош на бегалците во регионите од каде што потекнуваат и за спречување на големи емиграциски движења.

– Таквото решение ќе има позитивно влијание врз подоцнежните емиграциски притисоци во правец на ЕУ, ќе обезбеди заштита на бегалците, кои истовремено по завршувањето на конфликтот или катастрофите нема да го загубат контактот со татковината и нема да мораат да преземаат често ризични и исцрпувачки патувања за безбедност во Европа – објасни министерот за внатрешни работи Милан Хованец.

Според Хованец, Програмата ќе обезбеди корист за значително поголем број на бегалци отколку што реално би можела Чешка да прими. Чешката Влада за оваа цел треба да обезбеди четири милиони евра од буџетот.

Тој наведе пример дека дека една петтина од средствата би била наменета за сирискиот камп за бегалци Затар во Јордан и смета дека така финансиите би имале директно влијание врз животите на околу 85.000 бегалци, кои се таму згрижени.

Чешка не спаѓа во земјите кои се соочуваат со илјадници сириски граѓани кои бараат азил. Од почетокот на конфликтот, 200 Сиријци во Чешка побарале меѓународна заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top