| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотска зафатена од сила бура, железничкиот сообраќај парализиран

bura

Шкотска е зафатена од силна бура, каде брзината на ветрот достигнува 180 километри на час, а железничкиот сообраќај е целосно парализиран, соопштуваат француските медиуми.

Во овој дел од Велика Британија приближно 70.000 домаќинства се останати без струја, а неколку патишта се изолирани. Сите училишта во западниот дел на островот се затворени.

Метеоролозите прогнозираат силните ветрови и поројните дождови во Шкотска да траат уште неколку дена и од тие причини се предупредува на опасност од поплави.

Во останатиот дел од Велика Британија, во Англија и Велс, се очекуваат ветрови со бризина до 120 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top