Њујорк никс загуби по 14. пат едноподруго или вкупно 34. пат во новата сезона, со што останаа екипата со најлош биланс во НБА-лигата. Ноќеска лесно го победи Хјустон со 120-96, и тоа по 11. пат во меѓусебните натпревари. Њујорк е во лоша форма, тимот остана без повредениот Кармело Ентони, си заминаа Џеј-АР Смит и Шумперт, што најавува продолжение на лошата сезона.
Во Торонто блескаше бековското дуо на Шарлот Хендерсон и Вокер, а во комбинација заедно постигнаа 60 поени за триумф на Хорнетс од 103-95.
Со 28-та победа Портланд се израмни со Голден стејт како две водечки екипи во НБА со најмногу успеси. Портланд беше подобар од Мајами хит и славеше со 99-83.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.