Буквалното значење на зборот е предградие, но, „banlieue“ значи многу повеќе во политичкиот речник на современа Франција. За многу Французи, тоа е синоним за жестоки дебати во земјата околу имиграцијата и местото на исламот во јавниот живот, пренесува британскиот јавен сервис ББЦ од Париз.
Во Франција јавното мислење е побеснето по актот во Шарли Ебдо. Но, тоа не значи поделба меѓу муслиманите и останатиот дел од општеството. Барем не сеуште.
Политичкиот и верскиот мејнстрим беше брз во создавањето разлика меѓу муслиманите како група и повеќе радикални следбеници на верата.
Но, постои реален страв дека насилството би можело да создаде сомневање меѓу заедниците. За Ерик Баде, кој живее во северниот париски „banlieue“, пријателскиот сосед всушност е терористот- убиец. Баде живеел во соседството на Шериф Куачи, еден од осомничените џихадисти убијци. Го опишува како тивка личност- посветен и скромен. Последен пат го видел пред три дена.
– Беше фин, љубезен и чист и многу услужлив кон лицата со инвалидност. Го гледав тука секој ден. Никогаш не би помислил дека ќе направи такво нешто – го пренесува британскиот ББЦ соседот на терористот.
Само стотина метри по улицата, во муслиманска пекарница, жена вели дека таа сега живее во страв. За неа нападот значи закана за нејзиното семејство во Франција
-Овие луѓе се од тука, се разбира, јас се плашам. Бидејќи имаме деца, се плашат од се ‘. Сите сега гледаат во нас, како ние да го сторивме тоа. Сите вели- Вие сте Арапски, ти си муслиман- ја бренесува британскиот сервис оваа муслиманка.
Додека има изолирани напади врз муслимански имоти, повеќето французи повикуваат на национално единство.
Во Големата џамија во Париз имаше до сега невиден знак на меѓуверски солидарност откако будистичките, еврејските и христијанските лидери им се приклучија на муслиманите во едноминутно молчење за мртвите. Франсоа Клавароли, портпарол на протестантските цркви од Франција, за тоа дали луѓето сега се плашат од Исламот, тој е категоричен.
-Ние сме тука да кажеме дека исламот има свое место во Републиката и ние тоа го велиме заедно во единство.
Огромен притисок
Но, по сите официјални апели за единство и вистинска желба за единствот меѓу граѓаните, власта сега е под огромен притисок да се спротивстави на радикалниот ислам.
Верските лидери како Абдулрахман Даман од Националниот совет на Демократските муслимани, вели дека клучот за решавање на проблемот е уништување на желбата меѓу младите задоени кон фундаменталистички ислам.
-Ние треба да бидеме многу внимателни со такви млади луѓе. Тие се негувани од фундаменталисти, членови на терористичките групи. Овие луѓе кои ги научиле вредностите на демократијата и Републиката во нашите училишта, не би треба да прават вакви кривични дела.
И покрај големите вложувања од државата по немирите од пред една деценија предградието останува централна точка на отуѓеноста на младите муслимани. Стапката на невработеност е околу 40 проценти кај 15 до 24 годиншниците, што е четири пати повеќе од националниот просек. Но, се разбира, оддалечувањето е многу повеќе од економската криза.
Можеби најголемиот предизвик со кои се соочува државата, не е безбедносен, туку идентитетски. Да се убедат младите луѓе кои не се чувствуваат како дел од француското општество, кои се привлечени од шовинистичките поплаки на фундаменталистичката идеологија, дека и тие должат верност кон Републиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Пронајдено возило со експлозив близу Париз