Ужасниот терористички напад што се случи вчера во Париз згасна 12 животи, а слободата на говорот занеме пред трагедијата што се случи во редакцијата на „Шарли ебдо“. Магазинот, чиишто новинари и карикатуристи немаа влакна на јазикот, платија за тоа со својот живот, но зад себе оставија десетици насловни страници во кои ги критикуваат сите сили на овој свет.
Некои би рекле дека целта на нивната сатира бил исламот, но тоа е далеку од вистината. Исус неколку пати бил „ѕвезда“ на нивната насловна страница, како и поглаварот на Римокатоличката црква. Ова се 12 насловни страници на „Шарли ебдо“ за кои зборуваше целиот свет.
1. Мухамед како „уредник“
Мухамед како гостин-уредник, кој низ смеа им порачува на читателите: „100 камшици за секој што нема да умре од смеа„. На последната страница на весниот, исто така, имало слика од Мухамед со црвен нос и зборовите: „Да, исламот е компатибилен со хумор“.
Непознати лица фрлиле бомба и целосно ги уништиле просториите на францускиот сатиричен магазин еден ден по објавувањето на оваа насловна страница.
2. Советот на папата
Во екот на секс-скандалот, кој ја потресе католичката црква, во 2010 година неделникот објави насловна страница на која папата советува еден епископ обвинет за педофилија: „Сврти се повеќе кон филмовите, како Полански“.
Во текот на истрагата беше откриено дека црковни поглавари во Даблин со децении заштитувале од законот свештеници што сексуално злоупотребувале деца, додека многу нивни колеги ја вртеле главата пред тоа што се случува.
3. Превез и за „Шарли ебдо“
Евреин, папата и исламски фундаменталист заедно „порачале“ дека „Шарли ебдо“ мора да биде прикриен со превез. Пораката на насловната страница од 2007 година е јасна.
4. Перото на „Шарли ебдо“ не ја одмина ни Британија
Насловна страница од 2007 година „А, кој уште ја сака Британија во Европа?“
5. Светиот Дух
Контроверзна насловна страница, која ја критикува Римокатоличката црква на сметка на нејзиниот став за бракови на припадници од ист пол. „Таткото, Синот и Светиот Дух“ – насловна страница од 2013 година.
6. Бакнеж
„Љубовта е посилна од омразата“, насловна страница од 2011 година. На неа е прикажан еден од карикатуристите на неделникот како се бакнува со еден човек што носи муслиманска облека.
7. Вистината за раѓањето на Исус Христос
Насловна страница, која уште еднаш сатирично го отсликува христијанството.
8. Бин Ладен како Елвис
„Бин Ладен е жив“, вели насловната страница од мај 2011 година.
9. Насловната страница по нападите во Њујорк
„Без раце“, вели Осама бин Ладен на насловната страница, која била објавена по нападот на кулите-близначки на 11 септември 2001 година.
10. Кој уште се плаши од Исус?
„Исламофобија: Дали треба да се плашиме бебето Исус?“ Насловна страница од 2010 година, објавена во екот на бурната реакција на јавноста на францускиот закон со кој се забрануваат верски симболи во училиштата, како превези.
11. „Недопирливи 2“
Една од од насловните страници, која предизвика најмногу реакции во Франција но и низ светот. На неа е прикажан Мухамед во инвалидска количка, која ја турка Евреин.
Алузијата на филмот „Недопирливи“, каде што еден млад човек од пониските слоеви на општеството се грижи за болните аристократи.
Притоа Мухамед вели: „Не смеете да се подбивате“. Ова насловна страница го исмевала филмот „Невиноста на муслиманот“, кој во тоа време предизвика остри реакции и протести низ светот.
12. Првиот Мухамед, насловна страница
Мухамед кој потклекна под тежината на верскиот фундаментализам.
„Тешко е кога те сакаат будали“, вели тој на почетната страница. Поради оваа карикатура муслимански здруженија го тужеа весникот, но „Шарли ебдо“ ги доби на суд. Авторот на оваа карикатура е мртов.
Сите овие насловни страници ги работеле тројца автори. Луз, кој го преживеа нападот. Шарб и Кабо, за жал, не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
















