| четврток, 6 декември 2018 |

Десет книги од македонски автори ќе се објават во странство

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска беа соопштени последните резултати од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на издавачките куќи од странство за 2014 година. Во Министерството за култура во текот на ноември и декември пристигнале 11 нови пријави од странските издавачи. Стручната комисија во состав Нове Цветаноски, проф. д-р Виолета Димова и м-р Енвер Беќири направиле селекција и поддржаа 10 апликации и тоа: Московската издавачка куќа „Рудомино“ за превод на руски јазик на романите „Аквамарин“ од Тања Урошевиќ и „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли;Издавачката куќа „Луд литература“ од Љубљана, на словенечки јазик ќе го издаде романот „Ќерката на математичарот“ на Венко Андоновски; Загрепската „Меандер медиа“, која ќе го објави прозното дело „Лифтот (не) е за двајца“ од Христо Петрески на хрватски јазик;Романот за деца „Збркана сказна“ од Киро Донев ќе биде објавен на бугарски јазик од страна на издавачката куќа „Мултипринт “ од Софија; „Атмосфере Либери“ од Милано, на италијански јазик ќе го објави романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска; Издавачката куќа „Антарес ЛТД“ од Јереван на ерменски јазик ќе го издаде романот „Нишан“ од Блаже Миневски, а издавачката куќа „Арка“ од Смедерево од истиот автор на српски јазик ќе го издаде романот „Јас, Тито и Мики Маус“; Романот „Мојата роднина Емилија“ од Влада Урошевиќ на дански јазик ќе го издаде „Турбине Форлагет“ од Архус; „Европскиот центар за мир и развој“ од Белград, на српски јазик ќе ја издаде книгата „Балканскиот мегаетникум – националните доктрини на македонските соседи“ од професорот Димитар Мирчев.

07 Најнови резултати од Конкурсо т за странски издавачи

-Верувам дека ќе се согласите со мене дека оваа стимулативна мерка која е дел од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година и која ја воведовме на почетокот на 2014 година досега даде одлични резултати и обезбеди еден многу посоодветен третман на нашите автори кај странските издавачи. Со задоволство ќе ве информирам дека во текот на 2014 година во рамките на Конкурсот беа поднесени 50 пријави од странски издавачи од 19 земји, а Министерството за култура, согласно исполнетите критериуми на Конкурсот, обезбеди поддршка за превод на 30 дела на 23 македонски автори кои ќе бидат издадени на 15 странски јазици:полски, српски, руски, германски, словенечки, украински, хрватски, француски, бугарски, црногорски, албански, турски, италјански, ерменски и дански. Овој податок јасно говори дека Министерството за култура го избра вистинскиот модел за поддршка на македонските автори и македонското творештво, поточно неговата афирмација и промоција во меѓународен контекст. Апликациите на странските издавачи го потврдија и интересот на странската читателска јавност за македонското литературно творештво кое несомнено квалитативно се издвојува во европскиот културен простор, истакна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

08 Најнови резултати од Конкурсо т за странски издавачи

Таа ги претстави досега објавените дела: романот „Храпешко“ од Ермис Лафазановски на руски јазик, преведен од Олга Панкина, а објавен од издавачката куќа „Рудомино“ од Москва како и романот „Асхаровци“ (на српски „Судбине са Ал Асхара”) од Трајан Петровски преведен од Лилјана Стеиќ, а објавен од издавачката куќа „Арка“ од Смедерево.

-Со оглед на тоа што рокот за објавување на поддржаните преводи е една година, другите 28 поддржани дела ќе бидат завршени и издадени во првата половина на оваа, 2015 година. (Од Буџетот на Министерството за култура за вкупно 30 дела се доделени 3.500.000 денари или повеќе од 56.000 евра), подвлече Канческа-Милевска.

09 Најнови резултати од Конкурсо т за странски издавачи

-Конкурсот за странски издавачи е една од најкрупните реформи во областа на издавачката дејност кои ги спроведовме во изминатиот период и во оваа смисла би сакала да информирам дека и во иднина ќе продолжиме да ги финансираме преводите на делата на авторите од Република Македонија од страна на странските издавачки куќи. Новиот конкурс за поддршка на преводите ќе биде објавен во текот на следната недела и истиот ќе биде отворен цела 2015 година. Стимулацијата на македонските автори и на македонското творештвото е еден од нашите приоритети и во овој контекст сосема накусо ќе потсетам дека во изминатата година во областа на литературната и издавачката дејност се реализираа повеќе од 450 проекти кои овозможија издавање на голем број монографии, оргинални дела кои се пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците кои живеат во РМ, публикации, списанија, проекти наменети за децата и младите, стрип изданија и др. Минатата година спроведовме и откуп на книжевни дела со кој континуирано се збогатува библиотечниот фонд во нашата држава, а имавме и одлични претставувања на саемите на книгата во Франкфурт, Гетеборг, Истанбул. Во 2014 година се разбира интензивно работевме и на капиталните проекти од областа на литературната и издавачката дејност. Убедена сум дека со сите овие мерки и проекти овозможуваме еден континуиран развој на оваа дејност кај нас и овозможуваме поголема интеграција на македонската литература во светските книжевни современи текови. На крајот, сакам да им честитам на авторите чии дела ќе бидат преведени и достапни за широката читателска публика во Европа и ќе ги поканам да ги споделат со вас своите впечатоци за можностите за афирмација на нивното творештво во странство, истакна министерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top