Анонимна група џихадисти во Шведска и нивните приврзаници на „Фејсбук“ изразуваат симпатии и го слават вчерашниот напад на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Сега гнасните свињи ќе треба уште еднаш да размислат пред да им текне да ги исмејуваат Алах и неговиот пророк, пишува еден од членовите на споменатата џихадистичка група на „Фејсбук“.
Замолете го Алах повеќекратно да ги зголеми таквите атентати и да ги прифати браќата и сестрите што учествуваат во нив, пишува еден друг член.
Во оваа шведска група на „Фејсбук“ има лица што војувале на страната на џихадистите во Сирија и во Ирак, јави шведската телевизија СВТ.
Инаку, како последица на крвавиот атентат во Париз, во Шведска се заострени безбедносните мерки околу познатиот карикатурист Ларс Вилкс.
Вилкс во изминатите години беше цел на повеќе планирани атенати откако во шведскиот весник „Нерикес алеханда“ ги објави своите цртежи на пророкот Мухамед со тело на пес.
Во однос на мојата ситуација гледам дека ќе бидам соочен со вистински застрашувачки сценарија при моите учества во разни настани. Таквиот страв сигурно не ма да биде помал по ова што се случи, вели Ларс Вилкс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Премира во Драмски на „Прослава“ (Фестен), првата догме – претстава кај нас
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Иселениците до пејачите: Да не ви текнало да дојдете во Канада