| четврток, 6 декември 2018 |

Московиси: Излегувањето на Грција од еврозоната не е на дневен ред

pierre moscoviciПрашањето за излегување на Грција од еврозоната, како и за отпишување на нејзиниот долг не се на дневен ред, изјави денеска еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси во интервју за весникот „Монд“.

Европската комисија сака Грција да остане дел од ервозоната, додаде тој, потенцирајќи дека тоа е важно за монетарната унија.

Според еврокомесарот изборите во Грција не треба да се сметаат за „детонатор“ на криза во еврозоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top