На 8 јануари во 20 часот во скопското кино „Синеплекс“ ќе се одржи премиерата на новиот магичен и авантуристички филм „Во шумата“ на Роб Маршал, во кој главните улоги ги играат: Мерил Стрип, Џони Деп, Ана Кендрик, Емили Блант, Кристин Барански, Трејси УЛман, Крис Пајн и други. На овој филм, кој веќе понесе три номинации за „Златен глобус“, за најдобар филм и за улогите на Емили Блант и Мерил Стрип, повторно работеше нашето студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.
Посебно е интересно што ова остварување на Роб Маршал од мјузикл преминува во детска приказна, потоа станува мрачна приказна, за на крајот да премине во комедија. Во него вештеркатаја игра Мерил Стрип, која е во една необична улога, односно ги поучува карактерите на популарните детски приказни, меѓу кои се Пепелашка, Црвенкапа, Трнорушка, Џек – убиецот на џинови, на важни животни лекции. Сценарист е Џејмс Лапин, кој го потпишува и мјузиклот.
Светската премиера на филмот „Во шумата“ се одржа на 25. декември во Америка и според заработувачката на филмови кои имале премиера на Божиќ, се наоѓа на четвртото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура