Најмалку 23 припадници на ирачките безбедносни сили загинаа денеска во два самоубиствени напада и во судири со џихадисти на групата Исламска држава (ИД) во провинцијата Анбар, соопштија локалните власти.
Напаѓачите активирале експлозивни направи во близина на една џамија, при што загинале 10 војници, кои одмoрале во религиозниот објект.
Други 13 воени лица се убиени во судири кои следеле по самоубиствените напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


