Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до сите верници од православна вероисповед во земјава.
– Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и на сите православни верници, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувамискрени честитки по повод големите празници Бадник иРождество Христово Божик, со најискрени желби за добро здравје и лична, семејна и општествена благосостојба.
Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови, во секое срце нека внесат мир, во секој дом нека донесат топлина,светлина, радост и љубов и нека го зацврстат единството и почитувањето меѓу сите луѓе во земјава, пишува во соопштението.
Претседателот на СДСМ истакна дека раѓањето Христово Божик е поттик за надеж и верба во подобро утре.
– Сите заедно да дадеме придонесвосолидарноста и толеранцијата, негувањето на човековите вредности: чесноста, слободата, заложбите за вистината и правдата, за да овозможиме спокен и среќен живот за сите граѓани во Република Македонија, пишува во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.