Во случај на победа на главната опизициска партија СИРИЗА на предверемените парламентарни избори во Грција на 25 јануари, земјата ќе остане членка на еврозоната, јави ТАСС.
Ова се нагласува во соопштението на СИРИЗА, објавено по повод „ужасните информации проширени во Европа за неминовноста од излегувањето на Грција од еврозоната“, додава агенцијата.
Според резултатите на анкетата, објавени на 4 јануари, СИРИЗА може да победи на парламентарните избори. По написите во германското списание „Шпигл“ дека Берлин ја признал можноста за излегување на Грција од еврозоната, СИРИЗА беше остро критикувана од страна на грчката Влада, предводена од премиерот Андонис Самарас поради тоа дека наводно таа ја почнала кампањата со закани за излегување на земјата од еврозоната.
Во декларацијата на СИРИЗА се наведува дека единствено Самарас се осмелил да ја поврзе евентуалната победа на опозициската партија на изборите со излегувањето на Грција од еврозоната.
Во документот се нагласува дека СИРИЗА не ја уценува Европа со терористички сценарија и додаде дека евентуалната победа на изборите опозициската партија ќе биде призната од цела Европа како прекрасна можност за преразгледување на тековната политиката на строги економски мерки.
СИРИЗА во деларацијата го повикува Самарас итно да престане со кампањата за оцрнување на земјата надвор од границите и со заканите кон грчкиот народ.
Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчкото издание на американскиот весник „Хафингтон пост“ изјави дека неговата партија се стреми не да ја разори еврозоната, туку да ја спаси.
– Спасот на еврозоната не може да се случи при неконтролиран државен долг на земјите-членки на еврозоната, додаде Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција