Новинарот и уредник на Плусинфо и Слободен Печат, Бранко Героски вчера даде резилтат 5:0 за Груевски. Ваквата оценка дојде по дебаклот на таканаречениот „Професорски пленум“, откако измудрува дека „хотелот е за туризам а не за парламентаризам“, за веднаш да ја прифати поканата од премиерот Никола Груевски за дебата во Собранието, за потоа да не учествува во дебатата. Героски, кој важи за близок до опозицијата го образложи резултатот од 5:0 за Никола Груевски. Тој на својот Фејсбук профил напиша:
И добро сме информирани и добронамерни сме. Проблемот е што некој не сака да ги увиди сопствените грешки. Еве како дојде до резултатот 5:0 за Груевски:
1:0 Професорскиот пленум прифати “јавна дебата” откако најголем дел од факултетите ја отфрлија “реформата” и откако ректорската управа одлучно побара да се одложат измените на Законот за високо образование.
2:0 Професорскиот пленум денеска се појави на “дебата” во “Александар палас”, па се предомисли. Ако професорите на мислеле да дебатираат “во хотел”, за што дошле таму, да зачистат по собите?
3:0 Со невидена леснотија Ванковска го прифати предлогот на премиерот “дебатата” да се пресели во Собранието. Добро што не му текна да ја префрли дебатата во спортската сала “Борис Трајковски”. А поблиску беше…
4:0 Професорскиот пленум се појави пред парламентот, но не влезе да дебатира, очигледно задоцнето освестен дека така ќе ги урне своите позиции и тотално ќе ги искомпромитира студентските протести. Ако луѓето не сакале да дебатираат, за што дошле пред парламентот? Да се сликаат за телевизија? Смешно…
5:0 Со своето денешно (и не само денешно) неснаоѓање и лутање, како и со учеството на ректорот во “дебатата” (во фаза кога тоа е спротивно на собраниската процедура!), се плашам дека Ванковска, Силјановска и другите го легитимираа донесувањето на измените на ЗВО.
Уште една забелешка. Им се извинувам на оние професори кои се во Профеорскиот пленум, но не ги оправдуваат тактиките на Ванковска и на Силјановска. Но, знаете како е, лидерството и дава тон на целата организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Героски се сомнева: МПЦ ја продала придавката “македонски“ заради Заев
-
Утре пресметка точно на пладне: Палевски и Геровски ќе ги одмерат силите пред „Манда“
-
Порталот на Герис „Плусинфо“ пренесува лажни цитати на пратеникот Џеват Адеми (ВИДЕО)
-
Ќе се извини ли Герис за лагите околу криминално-полициската местенка на СДСМ?