| четврток, 6 декември 2018 |

Снег претпладне, сонце во одредени делови

sneg_pagja_13

Снег се очекува во севернот дел од земјата. Овие релативно слаби врнежи ќе бидат застапени наутро и претпладне, освен на планините каде ќе се задржат и во дел од попладнето.

Според Метеопро, околу пладне не е исклучена можноста за локален повремен слаб снег во Пелагониската котлина.

Во Шарскиот регион можна е нова снежна покривка, околу 15 сантиметри во текот на целиот ден.

Југоисточниот крај има голема веројатност да го помине денот со суво време и умерена облачност.
Ветерот ќе биде претежно северозападен и ќе дува со умерена брзина.

Минималната температура ќе има вредност околу -6° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -8°С. Минимална околу 0°С се очекува во Гевгелиско – Дојранскиот крај. Максималната температура ќе има вредност околу 1°С низ поголем дел од котлините во источниот крај. Повторно, малку постуден ќе биде денот во западниот дел од земјава, каде низ котлините максималната ќе има вредност околу -2°С. На југоисток максималната ќе достигне до 3°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу -4°С.

Во скопската котлина се очекува преоменливо време со пократки сончеви периоди, а наутро и претпладне со повремен снег. Ќе биде ветровито, со умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе има вредност околу -5°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 0°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top