Белград и Приштина постигнаа договор за Заедницата на српски општини во Косово. Двете странио побараа од Европската унија уште малку време за да ја подготват својата јавност, објави денеска српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на извори од Брисел.
„Мисијата на високиот претставник на Европската унија, Кетрин Ештон, успеа и што се однесува на договорот меѓу Србија и Косово за воспоставување и надлежностите на Заедницата на српски општини во Косово е постигнат. Меѓутоа и едната и другата страна побараа уште малку време за да ја подготват својата јавност за договорот бидејќи и двете страни мораа да се откажат од дел од барањата за да биде постигнат договорот. Тоа што предизвика загриженост во Брисел е изјавата на претседателот Томислав Николиќ по состанокот со Ештон дека Приштина направи отстапки, бидејќи тоа можеше да доведе до пропаѓање на договорот“, пишува „Блиц“.
Косовскиот премиер Хашим Тачи очекува посетата на Ештон на Приштина да биде поттик за постигнување договор за нормализација на односите со Белград.
„Најдобариот доказ дека е постигнат договор ќе го даде Кетрин Ештон, која вечерва треба да пристигне во Приштина, каде што ќе разговара со косовските претставници. Доколку по посетата на Приштина го посети и Белград тоа ќе биде сигурен знак дека е постигнат договор“, наведува „Блиц“.
Договорот со Приштина е клучен услов Србија да добие датум за почнување на преговори со ЕУ, за што ќе се решава на 16 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји