| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот претседател го смени имиџот

бујар

Шефот на албанската држава Новата 2015 година ја почна со сосема нов имиџ – без мустаќи, по кои беше претпознатлив и кога беше прв полицаец, но и како шеф на државата.

Четириесет и девет годишниот Бујар Нишани со избричени мустаќи првпат се појави во својата новогодишна честитка во која изрази уверување дека 2015 година ќе биде година на смирување на политичките тензии во земјата и продолжување на чекорите на Албанија во процесите на европската интеграција.

Нишани, изрази надеж дека ќе бидат надминати одредени проблеми кои постојат меѓу власта и опозицијата по враќањето на опозицијата во албанското Собрание.

Медиумите во Тирана нагласуваат дека бричењето на мустаќите на албанскиот претседател е само почеток на смената на неговиот политички имиџ исто како што тоа го стори кога ја почна политичката кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top