Американската вселенска агенција НАСА планира да изгради еден вид град кој ќе лебди над планетата Венера. За почеток, во него би живееле астронаути. За време на мисијата која ќе трае 30 дена, НАСА би требало да префрли тим од луѓе кои во атмосферата на Венера ќе постават големи балони каде што би се наоѓале просториите за живот.
Единствена мана е тоа што ќе поминат неколку децении пред луѓето навистина да почнат да живеат над оваа планета. Позната уште и како утринска ѕвезда, Венера е врело место полно со сулфор каде што температутрата е и над 1.500 степени и каде што притисокот е дури 90 пати поголем отколку на земјата. Површината на Венера е толку врела, што на неа можат да се топат метали.
Но, над тоа „ѓаволско место“ на околу 50 километри височина, владеат услови слични како оние на земјата. Поради тоа, американската НАСА планира во тој простор да смести град што ќе плови. Проектор, познат уште и како „Хавок“ се наоѓа во фаза на изводливост, што значи дека би можел да се оствари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.