| четврток, 6 декември 2018 |

Серхио Рамос ќе отсустува на дербито против Валенсија

Реал Мадрид со проблеми пред дербито во Примера дивизја против Валенсија на Местаља.
Речиси сигурно е отсуството на еден од главните играчи на кралскиот клуб оваа сезона шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос.
Иако атмосферата во тимот е на завидно ниво, избраниците на Карло Анчелоти ќе мора да дадат се од себе за да ги освојат трите бода кои многу значат за продолжување на низата од 22 победи по ред.
Рамос го пропуштил последниот тренинг, а на негово место се најавува дека ќе настапи Французинот Варан кој кога бил стартер во тимот Реал успеал да слави на 11 натпревари, а само еднаш загубил. Во тимот се враќа и Марсело, а шанса од клупата треба да добие и Родригес.
Натпреварот започнува во 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top