Исламско конзервативната влада на Турција дозволи изградба на црква во Истанбул за сириското малцинство, што е првпат од основањето на Република Турција во 1923 година, пренесуваат турските медиуми во саботата повикувајќи се на владини извори.
– Тоа ќе претставува преседан од основањето на Републиката. Црквите се реставрирани или повторно отворани за јавноста, но ниедна нова црква досега не е изградена“, потврдил за AFP неименуван турски фунцкионер.
Христијаните се во големо малцинство и живеат претежно во западниот дел на Турција, која според уставот е секуларна земја со 99 отсто муслимани, а противниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКР) ја обвинуваат власта за „исламистички пресврт“.
Владата во Анкара, којашто ги продолжува долгите преговори за членство во Европската унија, со оваа перспектива ги зголеми правата на верските малцинства, реставрирајќи цркви, манастири и синагоги, како и со враќање на некои од нив во сопственост на заедниците.
Новата црква би требало да биде подигната во квартот Јесилкој, крај брегот на Мраморното Море, на површина којашто ја отстапи општинскиот совет, истакнал функционерот.
Изградбата којашто треба да започне следните месеци, ќе ја финансира фондацијата за заштита на правата на Сиријците, православните и католиците, коишто живеат претежно во југоисточна Турција, а нивната бројност се проценува на околу 20 илјади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.