| четврток, 6 декември 2018 |

Над 300 фалсификувани дипломи и свидетелства во комуналните фирми во Загреб

Во комуналните претпријатија во Загреб има дури 306 вработени со фалсификувана диплома или свидетелство, покажа најновата ревизија, јавуваат хрватските медиуми. Најмногу биле откриени во Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) и во Градската чистота, пренесе државната ХРТ.  Фалсификуваните дипломи вработените ги добивале од образовни институции од Хрватска и од Босна и Херцеговина.  Најмногу диполоми на црно биле пронајдени во ЗЕТ-94 и во Чистота 84, а разликата помеѓу вкупно исплатената плата и реалната заработувачка според вистинската стручна спрема изнесува неверојатни 88,5 милиони куни (1,15 млн евра), пренесува ХРТ.

Така во кратки црти изгледа конечната верзија на ревизијата на дипломите и свидетелствата во комуналните претпријатија во Загреб, која што на увид ја доби весникот „Јутарњи лист“.

Против службениците со неверодостојни дипломи со кои се вработиле покренети се кривични пријави, како и вонредни откази на договороте за работа. Досега поради лажирање на документие 249 работници добиле откази, пренесе ХРТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top