Во комуналните претпријатија во Загреб има дури 306 вработени со фалсификувана диплома или свидетелство, покажа најновата ревизија, јавуваат хрватските медиуми. Најмногу биле откриени во Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) и во Градската чистота, пренесе државната ХРТ. Фалсификуваните дипломи вработените ги добивале од образовни институции од Хрватска и од Босна и Херцеговина. Најмногу диполоми на црно биле пронајдени во ЗЕТ-94 и во Чистота 84, а разликата помеѓу вкупно исплатената плата и реалната заработувачка според вистинската стручна спрема изнесува неверојатни 88,5 милиони куни (1,15 млн евра), пренесува ХРТ.
Така во кратки црти изгледа конечната верзија на ревизијата на дипломите и свидетелствата во комуналните претпријатија во Загреб, која што на увид ја доби весникот „Јутарњи лист“.
Против службениците со неверодостојни дипломи со кои се вработиле покренети се кривични пријави, како и вонредни откази на договороте за работа. Досега поради лажирање на документие 249 работници добиле откази, пренесе ХРТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.