| четврток, 6 декември 2018 |

Предлог за државниот испит од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, Нинослав Марина предлага студентите кои не го положиле првиот дел од државниот испит, којшто се полага по завршување на втората студиска година, да имаат право да ги слушаат предметите предвидени во третата студиска година.

Ова, како што е наведено во соопштението од Универзитетот, е во насока на подобрување на текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование и со цел да им се овозможи на студентите поголема флексибилност во студирањето.

Овој Предлог Универзитетот го достави до Министерството за образование и наука на Република Македонија за натамошно разгледување и одлучување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top