| четврток, 6 декември 2018 |

Што предвиде ЦИА за 2015 во 2000 година?

Пред 15 години Цнтралната американска разузнавачка агенција објави извештај на 70 страници посветен на тоа каков би бил светот во оваа 2015 година. „Бизнис инсајдер“ пренесува дел од предвидувањата на експертите на ЦИА направени во 2000 година за периодот до 2015 година.

Според ЦИА “меѓународните односи се повеќе ќе бидат одредувани и насочувани од големите и моќни организации, наместо од владите во светот”. Според „Бизнис инсајдер“, ова предвидување најверојатно е точно. Иако, како што вели магазинот, понекогаш е тешко да се направи остра разлика помеѓу ликовите кои се дел од недржавните и државните тела и органи. Пример е Исламска држава или пак “веројатно несевернокорејските” хакери кои го урнаа компјутерскиот систем на „Сони“ минатиот месец.

„Помеѓу 2000 и 2015 година терористичката тактика ќе стане се пософистицирана и насочена кон тоа да предизвика масовни жртви”, пишува во извештајот на ЦИА од пред 15 години. Ова, оценува „Бизнис инсајдер“, дефинитивно е точно. За жал, ова предвидување почна да се остварува неколку месеци по објавувањето на извештајот со нападот на Ал Каеда врз кулите- близначки и Пентагон.

Следно што предвидела ЦИА е дека “Ирак и Иран во блиска иднина ќе развијат ракети со голем дострел. Ќе го тестираат ова оружје веќе следната година (2001), а ќе го пуштат во оптек во 2004”. Ова може да биде и точно и неточно. Иран дефинитивно работи на ракети со голем дострел, но нема да биде во можност да ги тестира се до следната година.

Според ЦИА, “светската популација ќе се зголеми за една милијарда и ќе достигне до 7,2 милијарди луѓе”. Уште едно вистинито предвидување.

“Енергенсите ќе бидат доволни за покривање на потребите”, напишале експертите на ЦИА во 2000 година. Ова е точно во целост. Компаниите дури и ги одложуваат плановите за вадење нафта затоа што во моментов ја има и премногу.

Според ЦИА, “економијата на Кина ќе порасне толку што ќе ја надмине Европа како втора светска економска сила, но сепак ќе остане зад САД”. Ова Бизнис инсајдер го оценува како “безмалку точно”. Всушност, според некои пресметки кинеската економија во моментов ја има надминато американската.

“Европа нема во целост да си ги оствари соништата да им парира на САД како обликувач на глобалниот економски систем”, вели извештајот. И оваа проценка на ЦИА била точна – европската економија, според Бизнис инсајдер, во моментов “оди кон никаде”.

“СИДА, гладот и континуираните економски и политички бранувања значат дека популацијата во многу од африканските земји ќе се намали”, предвидела ЦИА. Но, ова предвидување не е точно. Напротив. Популацијата во Африка се искачи од 800 милиони во 2000 година кога е пишуван извештајот, на 1,1 милијарда во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top