| четврток, 6 декември 2018 |

Маестралните мисли на прекрасниот ум

Еден од најголемите светски научници и иноватори, човек кој работел, трпел и се борел затоа што верувал дека неговите изуми ќе го променат човештвото. И да, Никола Тесла бил во право - тоа навистина се случи!

● Нашите добри и лоши страни се неделиви, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, човекот повеќе ќе го нема.

● Нека иднината ја каже вистината, проценете го секој човек според неговата работа и заслугите. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, за неа работев толку напорно.

● Човекот мора да ја тренира својата умереност и надзорот над своите сетила и склоности во било кој поглед, се со цел да се одржи себе си млад во телото и духот. Воздржувањето не секогаш ми било според мојот вкус, но моите искуства се голема награда.

● Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори. Кој нема да го прави тоа, сигурно ќе пропадне.

● Учев други јазици, ја проучував литературата и уметноста… Моите најдобри години ги поминав во библиотеките, читајќи се што ќе ми дојдеше под рака и почувствував дека само трошам време. Но, набрзо сфатив дека тоа беше најдобро потрошеното време во мојот живот.

● Од сите “контра сили”, онаа која најмногу го забавува човековиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува “најголемото зло во светот”.

● Најважниот продукт од иновативниот мозок е изумот. Неговата крајна цел е владеењето на умот со природата и искористувањето на нејзините сили за потребите на човештвото.

● Ако се обидам да го продолжам прекинатиот тек на мислите, чувствувам вистинска духовна мачнина, па тогаш почнувам со друга работа, изненаден од свежината на умот и леснотијата со која што ги совладувам препреките кои што претходно ме мачеле. И редовно наоѓам одговори на тешките прашања со најмал напор!

● Ако не знаете како, набљудувајте ги појавите во природата, таа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.

● Не се грижам доколку ми ја украдат мојата идеја, се плашам што тие немаат ниту една своја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top