| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на ерата на Џерард во Ливерпул, си заминува на крајот на сезоната

Капитенот на Ливерпул и легендатата на клубот од „Енфилд“ Стивен Џерард потврди дека на крајот на оваа сезона ќе го напушти единствениот клуб за кој настапувал.
На крајот на сезоната договорот со на 34 годишниот фудбалер истекува и тој нема намера да го продолжи, а тоа го потврди и самиот Џерард.
Во својата кариера Стиви Џи имаше неколку богати понуди од Реал Мадрид, Челси и Баерн Минхен, но остана црвените од Ливерпул.
Самиот Џерард најавил дека нема да засили ниту еден клуб од конкурентите во Премиер лигата и најверојатно ќе потпише преддоговор со некој странски клуб, а како најсериозен кандидат е првакот во американската МЛС лига Лос Анџелес Галакси.

Стивен Џерард настапува за Ливерпул од 1998 година, а од 2003 е капитен на тимот. Во 2005 ја освои Лигата на шампионите во финалето против Милан, додека ниту еднаш не ја освои Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top