| четврток, 6 декември 2018 |

Загубена година за невидливата опозиција

Кол­ку ли са­мо изминатото гос­по­до­во бе­ше спо­ме­ну­ва­но и оче­ку­ва­но, она­ка со скоп­ски­от предз­нак, кој ли е тој ју­нак што би мо­жел да из­брои? Неј­се, ја до­че­кав­ме и ја ис­пра­тив­ме. Таа, пак, воз­вра­ти со две ар­турк­лар­ков­ски ми­сте­рии - ка­де ли се и што се слу­чи со пат­ни­ци­те од ма­ле­зи­ски­от „бо­инг“ и ка­де ли се и што се слу­чи со пра­те­ни­ци­те од ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја?

До­де­ка во све­тот, ве­ро­јат­но, на си­те ли­сти за 2014 го­ди­на ќе се нај­де ми­сте­ри­ја­та со  ис­чез­на­ти­от ма­ле­зи­ски ави­он и не­го­ви­те пат­ни­ци, за кои сѐ уште се ва­дат те­о­рии и се вр­шат по­ве­ќе или по­мал­ку тај­ни истра­ги, за пра­те­ни­ци­те на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, по сѐ изг­ле­да, ве­ќе ре­тко кој мис­ли. Не­ка му ја мис­лат тие, по ре­ше­ни­е­то на со­бра­ни­ски­те те­ла и ин­стан­ци. До­кол­ку им се про­дол­жи пла­те­но­то отсус­тво – то­гаш, афе­рим. Са­мо за след­ни­те из­бо­ри сло­га­нот на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја мо­ра да би­де „За Ма­ке­до­ни­ја – не­вид­ли­ви“. За­тоа што вре­ме­то кое до­а­ѓа ќе ги изб­лед­нее и ве­ту­ва­ња­та за бом­би, и по­ви­ци­те за на­силс­тво, и цр­не­е­ња на др­жа­ва­та, и зли­те бу­кви пи­шу­ва­ни на­се­ка­де, па и на се­меј­на­та пор­та на Бу­ра­ли­е­ви. Ама бле­дее и до­вер­ба­та кај на­ро­дот и кај оми­ле­ни­те стран­ци де­ка ток­му на оваа по­ста­ва на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја вре­ди да ѝ се да­де не­ка­ква шан­са.

А шан­са се до­би­ва са­мо со вид­ли­вост, пре­поз­нат­ли­вост, ле­ги­ти­ми­тет. Ка­ко што опо­зи­ци­ско­то водс­тво го ле­ги­ти­ми­ра­ше нај­го­ле­ми­от по­стиз­бо­рен адут на вла­ста, ове­ко­ве­чу­вај­ќи го мо­мен­тот на вле­зот во ста­ро-но­ви­от МНТ. По­зи­рај­ќи пред об­је­кти­ви­те со те­а­трал­ност, Зо­ран За­ев и Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска им се из­нас­ме­а­ја на си­те што во не­до­стиг од по­ли­тич­ка по­ну­да ги по­ви­ку­ваа со че­ка­ни, ко­па­чи и со ви­ли да го ур­нат овој и си­те дру­ги но­во­из­гра­де­ни об­је­кти.

Во ма­ке­дон­ски­от па­ра­ле­лен свет, опо­зи­ци­ски­от по­мал ли­дер си кре­и­ра­ше свој „Цен­тар 2014“. По­крај ле­ген­дар­ни­те две фо­то­гра­фии на Ан­дреј Жер­нов­ски со цен­тар­ска бан­де­ра, ус­пеа ед­на сле­па улич­ка да ја на­пра­ви пре­поз­нат­ли­ва за сво­јот ман­дат. Не, не, не по неј­зи­на­та уба­ви­на или ка­ко оп­штин­ско до­бро, ту­ку по из­ле­а­ни­те оп­штин­ски па­ри. На­јо­пис­но, број­ки­те на оп­штин­ски­от пор­тал се ме­ну­ваа ка­ко број­че­ник на пум­па при то­че­ње бен­зин. А тој бен­зин им ја за­па­ли гла­ва­та и на не­го­ви­те нај­го­ле­ми под­др­жу­ва­чи и со­пар­тиј­ци. За­тоа на чо­ве­кот не мо­же да му се за­ме­ри што нај­а­ви де­ка ќе се пов­ле­че од пар­ти­ска­та пре­тсе­да­тел­ска по­зи­ци­ја. Зо­што да гу­би вре­ме за ви­со­ка по­ли­ти­ка ко­га ка­ри­е­ра­та го до­ве­де во сле­па улич­ка?

По исти­от терк, во бом­ба­стич­на­та из­бор­на го­ди­на по­го­ле­ми­от опо­зи­ци­ски ли­дер се од­ва­жи да по­ба­ра си­те да под­не­сат оста­вки. Тоа да ва­жи за си­те освен за не­го, вр­теј­ќи им го гр­бот на чле­но­ви­те и на тие што ги по­са­ку­ва во сво­е­то ста­до. За вре­ме на из­бо­ри­те се прог­ла­си за пре­ми­ер, па прог­ла­си не­ле­ги­тим­ни из­бо­ри, па приз­на де­ка се­пак ќе за­гу­бе­ле на из­бо­ри, па иск­лу­чу­ва­ше чле­но­ви, па нај­а­ви раз­но­раз­ни афе­ри и бом­би… На­пра­ви сѐ за да оста­не та­му ка­де што е. Тој во Стру­ми­ца, а дру­ги­те – на ули­ца.

Во ули­ча­ре­ње­то шан­си ви­доа и не­кои дру­ги. Из­ле­гоа раз­но­раз­ни „от­пи­ша­ни“ по­ли­тич­ки ли­ко­ви, љу­би­те­ли на ви­со­ка­та мо­да, екск­лу­зив­ци по­сто­ја­но „оне­прав­да­ни до зла бо­га“. На ули­ца­та ги прив­ле­коа и сту­ден­ти­те – и оние акту­ел­ни­те и оние веч­ни­те. Да би­де­ме на чи­сто. Без ни­ка­ков обид овој прег­лед на 2014 го­ди­на да се вра­ми на „оваа“ или „онаа“ стра­на, фа­кти­те го­во­рат де­ка со де­це­нии ма­ке­дон­ско оп­штес­тво е не­за­до­вол­но од обра­зо­ва­ни­е­то. Ни­ту од ус­ло­ви­те, ни­ту од ре­зул­та­ти­те, ни­ту од до­сти­га­ња­та. Се­ко­ја чест за иск­лу­чо­ци­те, но сѐ до­де­ка се тоа – иск­лу­чо­ци, зна­чи де­ка си­сте­мот ба­ра про­ме­ни. И би­деј­ќи во се­то из­ми­на­то вре­ме уни­вер­зи­те­ти­те не нај­доа ре­ше­ние во рам­ки на авто­но­ми­ја­та, а ште­ти­те ги тр­пе­ше оп­штес­тво­то пре­ку ле­ги­тим­ни­те вла­сти, то­гаш на пред­ло­гот кој до­а­ѓа од нив тре­ба да се гле­да са­мо ка­ко по­мош, а не ка­ко на­мет­ну­ва­ње вол­ја и ме­ша­ње во авто­но­ми­ја­та. И при­тоа отво­ре­но да се име­ну­ва­ат ра­бо­ти­те со ви­стин­ско име и да се да­де ал­тер­на­ти­ва на пред­ло­же­но­то. Сѐ дру­го е по­ли­ти­ка и по­ли­ти­кант­ство. Оста­ва­ње­то на ра­бо­ти­те ка­ко до­се­га, зна­чи но­во скла­ди­ра­ње под те­пих. Но, те­пи­хот ве­ќе е пре­те­сен за кри­е­ње на ѓу­бре­то.

Ули­ца­та ста­на ме­сто и за прес­ме­тка и за со­би­ра­ње членс­тво за но­ви­те по­ли­тич­ки ам­би­ции ме­ѓу Ал­бан­ци­те. Пре­ку зло­у­по­тре­ба­та на до­ма­шен суд­ски про­цес и вер­ски­от фа­на­ти­зам во све­тот, еден стру­шки ман­гуп се оби­де на скоп­ски­те ули­ци да му се од­маз­ди на те­тов­ски­от дов­че­ра­шен ли­дер. Пре­диз­ви­ка са­мо че­кор на­зад во ме­ѓу­ет­нич­ка­та (не)до­вер­ба.

На ме­ѓу­на­ро­ден план, иа­ко мно­гу­ми­на ќе оце­нат де­ка не­ма ни­што но­во, из­ми­на­та­та го­ди­на ѝ од­да­де приз­на­ние на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Европ­ска­та ко­ми­си­ја се пре­тво­ри во рас­и­пан гра­мо­фон по­вто­ру­вај­ќи пре­по­ра­ки за членс­тво. Ги по­вто­ру­ва и за­бе­ле­шки­те. Но, кој мо­же да ги гле­да ка­ко ре­ле­вант­ни ко­га Уни­ја­та, ко­неч­но, приз­на де­ка е за­мо­ре­на од про­ши­ру­ва­ње и де­ка не­ма (ка­ко што не­ма­ше и до­се­га) на­ме­ра да се мрд­не од мр­тва­та точ­ка во про­це­сот на про­ши­ру­ва­ње. Ако до пред не­кол­ку го­ди­ни мо­же­би грч­ки­от глас про­тив поч­ну­ва­ње на пре­го­во­ри­те им бе­ше преч­ка, се­га на глав­ни­те европ­ски парт­не­ри им е до­бре­дој­ден. И да не се ла­же­ме, тоа зна­чи де­ка и нај­мал­ку во след­ни­те пет го­ди­ни Ати­на сло­бод­но ќе ужи­ва во бег­ство­то од од­го­вор­но­ста да сед­не и да нај­де ре­ше­ние за „проб­лем“ кој е на­мет­нат од неа.

Во ме­ѓу­вре­ме, Ма­ке­до­ни­ја про­дол­жу­ва. Со бом­бич­ки од до­го­во­ре­ни по­ли­ти­ки и стра­те­гии за раст на стран­ски­те ком­па­нии на неј­зи­но тло. Со ин­ве­сти­ци­ски за­фа­ти од општ ин­те­рес. Со по­вр­зу­ва­ње со све­тот пре­ку пру­ги и па­ти­шта, со за­фа­ќа­ње за ки­не­ски­от „брз воз“ за Евро­па. Со про­е­кти со кои се­кој ќе знае кое чие е, кое до ка­де е, кој кол­ку би тре­ба­ло да мо­же и ко­му кол­ку му е по­треб­но. Ка­ко ина­ку да се раз­бе­рат си­те за­фа­ти за сре­ду­ва­ње на ка­та­ста­рот, за гра­де­ње па­ти­шта и пру­ги, раз­вој­ни зо­ни и ин­ве­сти­ции, на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста, мер­ки за со­ци­јал­на за­шти­та и по­мош за нај­за­гро­зе­ни­те. И нај­важ­но­то – ста­ва­ње ред во без­за­ко­ни­е­то – та­му ка­де што пре­жи­ве­а­ло.

„Ре­пуб­ли­ка“, пак, и во 2015 го­ди­на ќе оста­не отво­ре­на и ќе ги оче­ку­ва нај­а­ве­ни­те раз­го­во­ри и ин­терв­јуа со пар­ти­ски­те чел­ни­ци од опо­зи­ци­ја­та. Тие што се жа­лат де­ка не­ма­ат вре­ме/про­стор во ма­ке­дон­ски­от етер. Тие што не­кол­ку па­ти до­би­ја не­о­фи­ци­јал­ни и офи­ци­јал­ни по­ка­ни. „Ре­пуб­ли­ка“ ги оче­ку­ва и тие што те­ле­фон­ски ве­лат де­ка не се пла­шат од ра­ко­водс­тво­то да да­дат ин­терв­ју, „са­мо што се­га не е вре­ме за ме­не, зна­еш“. И за тие што не до­а­ѓаа на за­ка­жа­ни ин­терв­јуа и иск­лу­чу­ваа те­ле­фо­ни. По­ка­ни­те ва­жат. До­кол­ку се сог­ла­сат од пар­ти­ски­от Цен­тар за ко­му­ни­ка­ции да им ги пре­не­сат. И да ги под­го­тват ка­ко да од­го­во­рат на пра­ша­ње­то да­ли ќе го по­ви­ка­ат на од­го­вор­ност тој што во го­ди­на­та ко­ја из­ми­на ги оста­ви на ули­ца, кој нај­а­ви бум и ги за­ло­жи „це­ли­от свој ли­чен и по­ли­тич­ки кре­ди­би­ли­тет“ на ни­вен грб.

 

Пишува: Наум Стоилковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top