Чешкото Министерство за одбрана донираше повеќе од 10.000 парчиња воена опрема за Украина, која повеќе не и е потребна на армијата.
Според соопштението на интернет страницата на Министерството, се работи за материјална помош, зимска облека и тоа 2.000 капути – модел 97, 800 чифта чевли – модел 95, како и 3.000 кадифени штитници за уши. Нема детали за вредноста на донираниот материјал.
Чешка на Украина веќе и понуди помош за лекување на повредени демонстранти во чешките болници, каде досега беа донесени неколку десетици.
Министерот за одбрана Мартин Стропницки во септември минатата година изјави дека во земјата би можеле да се лекуваат и ранети украински војници и дека чешката страна е подготвена да и помогне на Украина со медицински и друг материјал.
Украина, која изминатите неколку месеци се соочува со судири со проруските сепаратисти, претходно изрази интерес за авионите кои Чешка веќе не ги употребува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.